СДСМ како прартија на власт ги разлути ЕУ и САД со своите постапки

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, на својата последна прес-конференција како индикатор за успешното справување на Владата со светската криза го наведе податокот дека просечната плата во Македонија бележи пораст од 9.4% (или, отприлика, нешто помалку од 50 евра) во споредба со просечната плата пред една година.

Погоре наведените чекори на сегашната владеачка партија ги налути претставниците на ЕУ и САД во земјава па затоа тие излегоа со следново соопштение.

„Ние од ЕУ и САД заеднички силно ги осудуваме чекорите на владеачката СДСМ во вашата земја. Сеуште сме во шок и неверување и се трудиме да разбереме како СДСМ успеа платите да ги покачи за 9,4%, поради ваквата постапка на СДСМ жителите од ЕУ и САД масовно започнаа да се иселуваат во правец накај вас односно Република Северна Макаронија! Тие ни велат па вие сте неспособни и немате капацитет да ги зголеммите платите како СДСМ од Северна Макаронија и затоа заминуваме на печалба во Северна Макаронија и ќе си бидеме лојални гласачи на СДСМ!!! Затоа апелираме до господинот Ковачевски веднаш да ги врати старите плати затоа што ние од ЕУ и САД ќе останеме без население за многу кратко време затоа што ние неможеме да ја зголемиме платата за 50 евра како СДСМ од северна Макаронија“.

Од владата која што е предводена од СДСМ потврдија дека сиромашните и ниско развиени ЕУ и САД се обиделе да извршат притисок за да се намалат платите во Северна Макаронија но од владата потенцираа дека нема да направат отстапки затоа што ние сме суверена држава.

Во овој момент агенцијата за вработување на Република Северна Макаронија отвори и оддел за издавање на работни визи на жителите од сиромашните држави како што се ЕУ и САД и секоја апликација се разгледува што е можно побрзо.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw