Спасовски: Рашковски да седи мирен во затворот и да не фрла чифтиња затоа што во спротивно ќе го избркаме дома да си оди

Спасовски како министер за внатрешни работи лично бил во посета на затворите за да види дали се мирни и примерни оние кои треба да се ресоцијализираат и да си ја одлежат казната затвор.

Министерот кажа дека генерално затворениците се примерни и редовно ја посетуваат наставата, не доцнат на часовите и редовно ги пишуваат домашните задачи.

За време на обиколката министерот кажа дека имало одредени непримерни ученици кои редовно каснеле на наставата правеле проблеми на професорите и биле непримерни.

Спасовски особено се ангажирал околу лошиот ученик Рашковски Д кои бил многу палав и се обидел неколку пати да избега во Мексико. Спасовски истакна дека ученикот Рашковски Д поради неговото однесување ќе биде санкциониран и секој ден ќе мора да приготвува мекици за останатите затвореници, а доколку овој ученик продолжи и понатаму да прави проблеми во установата ќе биде избркан од истата и ќе мора наставата да ја следи од дома во присуство на психолог педагог и пекар за правење на мекици.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw