Ковачевски: Немаме започнато преговори со ЕУ тоа е чиста лага на Груевски

Јавноста е во нашата земја е поделена за тоа дали имаме започнато или немаме започнато преговори со ЕУ.

За да се расчисти маглата околу оваа нејаснотија сегашниот премиер Ковачевски реши да даде одговор на навноста.

Ковачевски: „Народе мој најмил треба да расчистиме една работа јас никогаш не кажав дека сме започнале преговори со ЕУ! Јас многу Добро кажав од Брисел, дека ние започнавме предпреговори на првите предпреговори па потоа треба да има главни предпреговори па дури потоа ќе имаме преговори. Тоа што некој велат дека сум кажал дека сме почнале преговори има наседнато на Груевски затоа што таа информација е чиста лага на Груевски! Мислам Груевски е итар и дрзок човек тој може да каже дека и во авион сум се сликал на патот кон Брисел што не е точно на таа таканаречена фотографија на која сите мислат дека во авионот сум јас е лага затоа што на сликата во авионот е Груевски кои за да направи забуна се истрижал на 0 со машинка и потоа ја избричил главата за да личи намене! Значи повторувам уште еднаш јас ниту сум спомнал дека сме почнале преговори ниту пак сум се сликал во авион сето тоа е масло на Груевски“.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw