October 7, 2022

„Српската војска ќе ве срамни со земја“: Со овие збoрови американскиот амбасадор на Косово го убедил Курти да се повлече

Хаосот на Косово бил избегнат откако американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер му ја презентираше реалната состојба на теренот на премиерот на привремените институции на Приштина, Аљбин Курти.

– Ако продолжиш да си играш со оган, војската на Србија ќе те згази, а КФОР нема да може да те заштити -му рекол Ховениер на Курти, дознава „Република.рс“.

Веднаш по оваа средба Курти ја „свиткал опашката“ па одлуката за пререгистрација на возила со српски регистарски таблички и замена на српските лични карти ја одложи за еден месец.

Ховениер буквално му рекол:

Ако Вучиќ испрати војска ќе те израмнат. Немаш војска, а КФОР нема доволно персонал и опрема да те заштити. Немаат што да те заштитат. Извор: инфомакс.мк

EfIhjEhiVZjACvmw