Путин: Славјанка од Македонија да ми се јавеше ќе беше подруго ама готово бидна да сме живи и здрави

Претседателот на Русија Путин овие денови е мошне нервозен затоа што мора да носи брзи одлуки за процесот на повлекување од Украина да биде што побрз и што побезболен.

Путин се решил на повлекување од Украина кога неговите генерали му соопштиле дека силната македонска армија донирала тенкови на украина.

Нашите извори не информираа дека Путин панично изреагирал кога му соопштиле за донацијата што ја добила Украина од Македонската моќна армија.

Испаничениот Путин само рекол значи оваа Славјанка сварно не постапува ферски ако ми се јавеше и ми кажеше дека ќе донира тенкови на Украина ние веднаш ќе се повлечевме и се ќе беше ок мислам како луѓе требаше само човечки да се разбереме а не сега вака на брзање да ја повлекувм војската од Украина затоа што постои опасност силната Македонска армија да не бомбардира со црешови топчиња од голем дострел.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА ВО ЦЕЛОСТ Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw