Спасовски: Ми провалија арамии во станот жив срам ме изеде во земја пропаднав

Немил настан се случил во домот на нашиот министер за внатрешни работи Спасовски.

Во домот на нашиот министер влегле арамии за да го ограбат станот но за среќа во тој момент нашиот министер бил во домот, па арамиите останале со подзината уста и прашање до Министерот

Спасовски: „Апелирам до сите граѓани да не објавуваат на социјалните мрежи дека се на одмор затоа што тоа е повод арамиите односно разбојниците да го ограбат нивниот дом! Еве на пример јас како министер обавив стара слика дека сум на одмор и во текот на ноќта арамии ми ја скршија вратата на домот и влегоа!!! Кога ме видоа дека сум дома ми рекоа, диќ абе министре вака ли на одмор? Зошто објавуваш дека си на одмор зошто ги лажеш луѓето нели ти е срам!? И да ви кажам право сум умрел од срам на бециклистички по дома луѓето дошле да спечалат а јас дома абе толку голем срам во животот не сум осетил ги понудив со ракија и им се извинив поради забуната и им ветив дека така повеќе нема да објавувам лажни слики дека сум на одмор“. Изјавува Спасовски.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw