Пендаровски: Ако Русија ни се закани повторно во Украина покрај тенкови ќе донираме и авиони

Нашиот претседател Стево Пендаровски кој според уставот и законите е и врховен командант на Македонските вооружени сили рече дека Македонија постојано се соочува со хибридни закани од Русија.

Нашиот претседател посочи дека ваквите хибридни закани кои се упатени од страна на Русија кон Македонија нема да бидат толерирани и дека Македонската армија е подготвена да возврати со жесток удар. Односно дека на Украина покрај тенкови ќе и донира и авиони кои вршат прскање против комарци против прскање на комарци.

Налутениот наш претседател посочи дека во војната против Русија која хибридно ни се заканува Македонската армија ќе испрати во Украина и воени бродови.

Од батаљонот за воена пловидба на АРМ истакнаа дека од Пендаровски добиле наредба да припремат голем број на пловни обљекти кои треба да бидат испратени во Украина. Неофицијално АРМ во координација со министерството за одбрана веќе спремила 40 педалинки и 180 кајчиња кои ќе бидат испратени во Украина како помош во војната против Русија.

Во целата оваа операција избил и скандал. Рибарите Климе и Наумче се жалат дека крај езерото во Охрид им се приближиле луѓе во зелено кои наликувале на војници и им врзале по 2 шамари и бесправно им ги земале кајчињата и ги префарбале во боите на Украинското знаме.

Моментално Арм на педалинките и кајчињата вградува по 2 топови еден тип на топ земја воздух и друг тип на топ земја земја.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ВО ЦЕЛОСТ САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw