February 26, 2024

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Славјанка: Ги дониравме тенковите на Украина затоа што САД нас ќе ни дадат донација и плус овие донирани тенкови ќе ја поразат Русија

Веднаш по објавувањето на порталот 360 Степени дека Министерството за одбрана донирало тенкови на Украина во борбата против Русија. Македонскиот народ искажа големо незадоволство.

Изразеното незадоволство од страна на Македонскиот народ ја испровоцира министерката за одбрана Славјанка да му се обрати на народот со соопштение.

Славјанка „Народе мој точно е дека дониравме тенкови на Украина тенковите ги дониравме за Русија конечно да биде поразена. Но не очајувајте бидејќи бидејќи оваа наша донација ги воодушеви САД и затоа САД одлучија да ни подарат околу 5 000 индијански стрели, околу 10 000 каубојски пиштоли од крајот на 18 и почетокот на 19 век, но исто така САД ќе ни донираат и околу 200 тенкови Шерман затоа што овие одамна требало да бидат во музеј но САД немале простор каде да ги сместат па решија да ги донираат на нашта земја. Како вика народната фрли рипче за да фатиш крапче и ај после речете Славјанка нечини“! Истакнува нашата министерка.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw