February 26, 2024

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Урсула фон дер Лајен: Кога бев во Скопје пратениците од Левица ме излажаа и сега кога ќе го видам францускиот предлог имам кошмари и трауми

Урсула која беше во посета на Македонија и беше гостинка во собранието на Република Македонија е крајно разочарана од пратениците на политичката партија Левица затоа што ја измамиле и поради нивната измама до ден денес има проблеми со хемороидите.

Изјава на Урсула: „ Како што сите добро знаете бев во посета на вашата земја за да кажам колку е добар предлогот кој специјално за вас го приготвивме. По некое време имаше кратка пауза која што ја даде тој чичкото позади мене, си викам ок сега сме на пауза па ќе излезам да прошетам низ законодавниот дом, како што шетав низ законодавниот дом пред мене се појавија пратениците на Левица и ми викаат еј тетке ај дојди малку секако ќе има 2 часа пауза! Си реков Супер сега ќе ги убедам да гласаат! Влегов во нивната собраниска проторија и кога гледам маса полна со јадење и пиење, им велам што е ова? Ми викаат тетке види вака ако сакаш да гласаме за вашиот предлог треба се да изедеш и испиеш од масата! Договорено бе дечки им реков и седнав, на масата имаше 2 литри домашна ракија, 5 литри домашно црвено вино, имаше пинџур и ајвар направени само од лути пиперки, и имаше Велешка и Штипска пастармајлија со додаток голема тегла феферонки. Заначи ако се изедам и испијам ќе гласате така?! ПФФФФ АБЕ ТЕТКЕ ШТО БЕРЕШ ГАЈЛЕ ТИ САМО ЈАДИ И ПИЈ ЗБОРОТ Е ЗБОР. И почнав прво ракиичка домашна и ајвар и пинџур за мезе ами тоа ракијата лута ајварот и пинџурот и тие огин лути, завршив со ракијата, пинџурот и ајварот и ми рекоа е ајде сега од пастармајлиите земи со винце домашно црвено и почнав касни од едната касни од другата наголтај се вино, и ми викаат ама тетке со пастармајлиите ќе треба да ја изедеш и теглата со феферонките. Ајде некако и тоа го испив и зедов, само што завршив со јадењето и пиењето наместо двајца гледам 6 пратеници на Левица и си викам супер завршина е работата плус 6 пратеници. Им викам господа пратеници може да одам до тоалет? ПФФФФФ ШО ПРАШУЕШ СЛОБОДНО. Само што пробав да станам од столот нозете ми се пресекоа и се најдов од столот под столот. Додека лазев до тоалетот се ми се гледаше пута 6 некако влегов во тоалетот и си викам ајде ќе ме фане стомакот ќе се испразнам и ќе помине, е арно ама од алкохолот пинџурот и ајварот + феферонките кога ми се активираа хемороидите од болка ичите ко филџани ми се испакнаа. Се подсредив некако и влегов во салата ама едвај стојам нанозе само што ме виде Џафери ми вика ауууу аман мори Урслулче па копаш на вино и ракија и плус дупе си пијана!!!! Тргај да отспиеш па врати се!!!! Значи како што гледате овие двојката од Левица ми ветија дека се ако изедам и испијам ќе гласаат ама не гласаа поради нив до ден денес уште имам хемороиди од ракијата виното и лутото до ден денеска кога ќе си прднам користам противпожарен апарат затоа што оган гори одзади, а кога сме кај предлогот од Франција абе бегајте оттука кога и да го видам ми текнува низ што се поминав и имам кошмари“. Со почит ваша Урсула!!!

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw