February 26, 2024

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

ЕУ отворено се закани: Нема преговори за Македонија затоа што Спасовски е виновен за целиот хаос во Унијата

Нова закана од ЕУ Македонија повторно остана со прстот во уста и европскиот сон на нашата земја е прекинат.

Од Унијата посочуваат дека се соочуваат со голем проблем во полициските структури а за целиот овој хаос се виновни Спасовски и Ковачевски.

Целиот хаос во полицискиот безбедносен систем на ЕУ настанал веднаш по објавувањето на Спасовски и Ковачевски дека од Септември ќе бидат зголемени платите на плицијата.

Од ЕУ се категорични дека нема да има преговори за Македонија затоа што покачувањето на платите на Македонската полиција предизвикало хаос во ЕУ бидејќи полициските службеници од ЕУ масовно даваат откази, ги пакуваат куферите и веднаш тргнуваат за Македонија за да имаат подобар живот.

Од кабинетот на Спасовски го потврдувааат овој настан и истакнуваат дека моментално на северната граница имма повеќе од 100 000 поранешни ЕУ полициски службеници кои сакаат да продолжат да носат полициска униформа во Македонија за високи плати како што ќе зема македонската полиција од Септември.

Спасовски дополнително истакна дека МВР и агенцијата за вработување на мигранти од ЕУ работат со полна пареа за да овозможат легален работен престој во Македонија за идните полицајци.

Од МВР исто така потврдија дека одредена група на поранешни ЕУ полицајци се обиделе и насилно да ја преминат границата но биле запрени и им било кажано дек работа ќе има за сите само треба да се стрпат и ќе си добијат тоа што им следува.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw