Не ги убивајте змиите во природата причината е толку многу едноставна

Денес во 7 часот наутро го земав велосипедот, во ранец ставив едно шише со вода, едно кафе во друго шише и секојдневната релација може да почне правец Реката долна Бабуна 7 километри возење во еден правец или вкупно 14 километри не е многу но е сосема доволно за раздвижување на мускулите на телото.

Само што стигнав до реката односно на местото наречено трети вир еве ги 3 жени како дух да виделе трчаат накај мене.

Човеку змија змија змија има најди стап и камен и да ја убиеш!!! Полека викам госпоѓи смирете се, дали змијата касна некоја од вас за да повикам брза помош? Не не касна змијата ама додека пиеше вода не исплаши и затоа да ја убиеш со некој стап или камен! Се изнасмеав и им викам госпоѓи видете вака, како прво змијата веќе ја нема на истото место затоа што се има исплашено кога видела дека во нејзина близина има исто така животински опасен вид кој се нарекува човек, како второ да убијам змија само затоа што пиела вода е крајно глупаво и неморално, затоа што секоја една змија не каснува доколку не е загрозена и плус змиите се многу плашливи животни веднаш бегаат штом видат човек. И уште нешто госпоѓи благодарение на змиите имаме лекови кои ги користиме, благодарение на змиите не сме преплавени со глувци. Змиите не треба да се тепаат без причина еве на пример како би ти било тебе госпоѓо да дојде некој посилен од тебе и само затоа што му изгледаш чудно и кај него предизвикуваш страв да земе камен или стап и да ти го одземе животот, затоа друг пат кога ќе видите змија во природата наместо да врискате и паничите само застанете мирно змијата сигурно ќе си замине и ќе ви го отвори патот. Само што им го објаснив ова на госпоѓите веднаш добив онака баш супер реплика од Македонска жена.

Абре човеку што не кажа кратко и јасно дека и тебе те страв од змии а не тука да се правиш силен како некој петел и да ни кажуваш дека змиите се корисни каква корист би имале од змија.

На оваа реплика само одговорив дека и јас имам голем страв од кучиња но тоа незначи дека барам истите да бидат убиени затоа што мојот страв си е мој проблем додека го зборував ова мојата пријателка огромно куче женка дојде и почна да скока и да се гали тогаш им дообјаснив дека ова големо куче кога го видов за првпат ме преплаши па за да ја залажам и да се оддалечам и дадов храна, давањето на таа храна на кучето женка која си ја крстив Бабунка направи кучето секој ден да ме чека, штом се симнам од велосипедот добива храна што ја носам само за неа, штом ќе се најаде рипнува и со предните нозе е на моите раменици и почнува да искажува радост, потоа чека да најдам некоја гранка за да ја фрлам и да ја донесе назад, а кога си заминувам назад лае 3 пати веројатно во превод би значело утре да дојдеш ќе те чекам, по овој муабет госпоѓите кои бараа од мене да ја отепам змијата си заминаа а Бабунка стрпливо си ја чекаше дозата која што и следува храна и 1 час трчање.

НЕМОЈТЕ ДА ГИ УБИВАТЕ ЖИВОТНИТЕ БЕЗ ПРИЧИНА ТИЕ СЕ ДЕЛ ОД ЦЕЛ ЕДЕН СИСТЕМ НАРЕЧЕН ПРИРОДА А И ЧОВЕКОТ Е ДЕЛ ОД ОВОЈ СИСТЕМ, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ Е ЗМИЈА, ГУШТЕР, КУЧЕ ИЛИ ШТО И ДА Е ДРУГО ЖИВОТНО ШТОМ Е ДЕЛ ОД ОВОЈ СИСТЕМ Е ОД НЕКАКВА ВАЖНОСТ НА ОВАА НАША ПЛАНЕТА

EfIhjEhiVZjACvmw