February 26, 2024

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Спасовски: Народе конечно може да здивнете полицијата го лоцираше Пендаровски тој моментално е на тајна задача

Денес Пендаровски ненадејно исчезна а тоа беше повод министерот Спасовски да ја покрене целата полиција.

„Спасовски Народе конечно можете да здивнете и слободно да спиете затоа што го пронајдовме нашиот исчезнат претседател односно не е исчезнат затоа што овој храбар човек моментално е на тајна задача и се бори за нашата татковина! Љубопитни сте нели? Знам знам љубопитноста е дел од човековата природа и затоа ќе ви откријам еден дел од целата операција ама само еден дел затоа што е тајна операција. Пендаровски добил шифрирана порака од неговиот француски колега Макрон за да ги елиминира сите опозициски лидери кои се против францускиот предлог, па затоа моментално Пендаровски е трајно инфилтриран во косата на Димитар Апасиев од Левица, кодното име на оваа операција е Апасиев се чеша среде лето. Целта на Пендаровски е да остане во косата на Апасиев и да му предизвикува чешање се додека Апасиев не го прифати францускиот предлог. Откако ќе заврши со Апасиев Пендаровски продолжува со Мицкоски, ноо мора да признаеме дека инфилтрирањето кај Мицкоски ќе биде тешко затоа што Мицкоски има кратка коса и користи гел па може Пендаровски лесно да биде откриен, но како и да е да стискаме палци и да му посакаме среќа на нашиот храбар претседател кој е посилен дури и од Џејмс Бонд и Полат Алемдар заедно“. Истакнува Спасовски

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА ВО ЦЕЛОСТ Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СОСЕМА СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw