Ковачевски јас сум рекол дека сме почнале преговори? Значи да појаснам не сме се разбрале

Откако во јавноста испаднаа и други мислења и докази дека Македонија не започнала никакви преговори за влез во ЕУ премиерот Ковачевски реши да стави крај на сите дилеми, забуни и нејаснотии.

„Јас сум рекол дека сме започнале преговори за влез во ЕУ? Ма дајте ви се молам значи на секој можен начин гледаат само да шират дезинформации во јавноста, од далеку се гледа па дури и јас од авионот кога патувавме за Брисел видов дека овие невистини се поддржани од страна на Руските хакери и Груевски, значи да појаснам јас од Брисел јасно и гласно кажав дека откако го прифативме како влада предлогот од Франција ЕУ ни дозволи да започнеме предпреговори на идните пред преговори е после идните пред преговори во 2154 година ќе ги почнеме главните преговори за влез во ЕУ тоа е тоа кратко и јасно мислам ШТО НЕ ВИ Е ЈАСНО!!!???? ЦЦЦЦ абе Руските хакери и Груевски гледаат на секој можен начин да ги запрат нашите успеси за подобро утре и влез во ЕУ“. Истакна во своето објаснување Ковачевски

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100 % САТИРИЧНА ИЗМИЛИЦА

EfIhjEhiVZjACvmw