Нострадамус за врме на неговиот живот кажал за многу работи кои денес веќе се случуваат или допрва во иднина треба да се случат.
Овој човек во повеќе наврати ја спомнал и Македонија, а овој пат за Евопската Унија САД и Македонија ќе го напише следното.
„Европската унија и САД во 2050 година нема повеќе да постојат, и покрај тоа што ЕУ и САД нема да постојат сепак владата предводена од СДСМ сеуште и во 2050 година секојдневно ќе дроби на телевизиите и социјалните мрежи дека за разлика од ВМРО ДПМНЕ и Левица тие ги почнале преговорите со фосилната унија наречена ЕУ, покрај ова инаетливата влада на СДСМ со инаетливиот министер Спасовски кои и во 2050 година ќе нема промена на шишките упорно ќе бара Унгарија да изврши екстрадиција на Сликите на Никола Груевски но и да ги предаде на Македонското МВР корисничкото име и пасвордот од фејзбук профилот на Груевски, за конечно во 2050 година Сликите на Груевски и неговиот ФБ профил бидат однесени во казнено поправниот дом во Идризово и да ја одлежат заслужената казна затвор“. Пишува во своите мемоари Нострадамус.
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ
НОВОСТИ
Славјанка: Руските војници исплашени дезертираат и доаѓаат кај нас затоа што нашата влада ги покачи платите
Ковачевски: Имам механизам за да дознаам дали некој од партнерите ме изневерува кога е во прашање владината коалиција
Славјанка: Зборувавме со Зеленски и заклучивме дека Путин премногу се плаши од супериорноста на црешовите топчиња