Центарот за управување со кризи е подготвен како никогаш досега да се справи со пожарите, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Ангелов: „Абе видете сега пожариве годинава нека му ја мислат затоа што годинава сме многу навежбани и на секој пожар што ќе се обиде да се разгори ќе му ја скршиме кичмата исто како во тој филмот на братму што му скршија кичмата ама па после братот на тој со скршената коа се навежба на тој лошиот му ги скрши забите, што значи тоа тоа значи дека сме годинава толку јако навежбани па пожарите треба да се позамислат малку со кого си имаат работа. Друго нешто што сакав да истакнам е тоа дека годинава авионите кои постепено се сервисираат нема да ни требаат затоа што во тимот на цук и противпожарната дивизија на АРМ има доволно гранки а јас лично сите ги обучив како се гасне пожар со гранка“. Истакна Ангелов за медиумите.
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ!!!
НОВОСТИ
Славјанка: Руските војници исплашени дезертираат и доаѓаат кај нас затоа што нашата влада ги покачи платите
Ковачевски: Имам механизам за да дознаам дали некој од партнерите ме изневерува кога е во прашање владината коалиција
Славјанка: Зборувавме со Зеленски и заклучивме дека Путин премногу се плаши од супериорноста на црешовите топчиња