March 31, 2023

tvvesti.com

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Ковачевски: Груевски претера од љубомора се обиде да ми ја уништи конференцијата во ЕУ

Денешниот ден е историски за нас затоа што ни се отвораат вратите кон ЕУ и имаме посветла иднина посочи Ковачевски.

Но Ковачевски исто така кажа и за еден немил настан што му се случил на првата меѓувладина конференција и кажа дека за тоа бил виновен Груевски.

Ковачевски: „ Значи морам ама навистина морам да ја информирам јавноста дека Груевски е многу љубоморен на моите успеси и дека направи се што може за да ми ја уништи првата пресконференција во Брисел! Само што седнав на столчето и почнав да зборувам осетив дека нешто ме боде одзади значи не многу ама онака да ти пречи, кога заврши мојот говор само слушнав кррррк ладна пот ме обли си викам леле таче прдна без да знаеш за црни срамови!!! Кога гледам на столот има што да видам на столот имаше ставено мастика за џвакање Џунга Лунга, кога добро ја видов мастиката за џвакање на истата многу јасно и чисто го видов ликот на Груевски, а тоа крррк било затоа што ми се скинаа панталоните од мастиката за џвакање. Значи човеков од Бидимпешта толку ми е многу љубоморен што ми залепил гума за џвакање на столчето во Брисел! Па добро бе човече зошто толку љубомориш на моите успеси? Зошто направи да шетам со скинати панталони низ ЕУ и гаќите да ми се гледаат? Зошто? Бе Груевски а? Зошто?“.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 1ОО% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw