Според протоколот – Бугарија ќе решава дали смеме да зборуваме за Жан Митрев!

Главна тема денеска е докторот, академикот, хирургот, газдата, интелектуалецот, спасителот, но пред се скромен човек – Жан Митрев.

Многу граѓани се згрозени од репортажата која беше направена за неговите експерименти за време на КОВИД кризата, но сепак, граѓаните многу веројатно ќе треба да прекинат со свои ставови за ова, се додека историската комисија од Бугарија не се појави со свој, официјален став за ситуацијата.

“Жан Митрев. Бугарско презиме. Не се вика Митревски. Се вика Митрев. Сто посто е од Бугарија. Башка, Жан, Типично Бугарско име, сите што се викаат “Жан” велат “мерси” наместо “благодарам”, што значи дека најверојатно е од Бугарија. И баш вие така случајно решивте да ширите анти-бугарска пропаганда на ден после потпишување на договорот???? МА АЈДЕ ВИ СЕ МОЛАМ! Ќе размислиме дали кај вас смее да се зборува за некаква медицинска катастрофа. Можеби и убил луѓе со својата негрижа… ама па и да убил? Шо? И Ванчо Михајлов напраил некои лоши работи, па супер човек е. И Жан Митрев исто. Ајде, ќе размислиме ваму со историската комисија, па ќе ви кажеме дали смеете да го коментирате. И пазете, ве мониторираме! Ако кажете некаков злобен збор за Жан Митрев може после да го сметаме како говор на омраза кон човек со типично Бугарско име и презиме. Внимавајте!!!” – изјави еден историчар од Бугарија кој најверојатно ќе биде дел од историската комисија.

Стапивме во контакт со Бујар Османи кој исто така ги предупреди жителите на нашата земја да не се занесуваат многу.

“Шо? Жан Митрев праел глупости? Кога? у 2020???? Па дали сте вие нормални бе! Ја не се замарам за криминали од завчера напраени, овие зеле за криминали од 2020 се замарале.. Ајдее… па ај ако не да земеме да се замараме со четириесетите години од минатиот век?? Ај на пример, да земеме сеа, сите да имаме став дали нешто у 1943 било добро или лошо?? Алоооо, светот лета напред, вие уште во 2020 живеете!! Алоо, свестете се, направете план што ќе праите у 2024, а не што праел некој доктор у 2020. Опрајте се, престанете да се замарате со минатото. Гледајте напред!” – изјави Бујар Османи на неговиот јазик, а ние после го преведовме на нашиот јазик, што е исто така и негов јазик, ама па и не е.

Извор: коопеација.мк Автор: З стефковски

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw