Пратениците на СДСМ добиле строга наредба од Ковачевски по инцидентот со Апасиев

Откако за малку беше избегната физичка пресметка во собранието пратениците на СДСМ добиле строга наредба од Ковчевски.

Во строгата наредба од Ковачевски се наведува следново: „ Како претседател на владата и претседател на СДСМ будно ги следам состојбите во собранието, кога видов дека постои можност Апасиев да му ги искрши забите на еден од нашите пратеници косата ми се крена нагоре. Па затоа издавам строга наредба сите пратеници на СДСМ во било која осигурителна компанија да си ги осигураат забите, па доколку некои од пратениците на СДСМ останат без заби односно забите им бидат скршени преку осигурителните компании да си наместат импланти или вилици“.

Покрај погоре наведената строга наредба Ковачевски потенцираше дека пратениците на СДСМ никогаш не се пресметувале физички дури ни како деца туку баш напротив како деца од што биле добри биле праќани по бурек и цигари, едноставно тепањето не е силна страна на пратениците на СДСМ. Потенцираше Ковачевски

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СО РЕАЛНОСТА СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw