Нашиот премиер Димитар К има вонредно обраќање до јавноста.
„Народе јас Димитар К лично и персонално како ве уверувам дека предлогот ако не го прифатиме сега ќе направиме голема грешка. Легнав да спијам и како што спиев наеднаш нешто почна да ми свири, си викам аххх бе Димче сирот ти што ти направија ВМРО и Левица и во сонот да ги слушаш како свират! Додека се самосожалував наеднаш еден глас ми вика НЕ СЕ ОД ОПОЗИЦИЈАТА БЕ ЦРЕП ЈУДА Е!!!! Сега совземисе и слушај ме добро. Димац прифаќај го тоа предлогот од Франција или Макрон сеедно затоа што предлогот е топ, а за да ги убедиш и другите дека јазикот и идентитетот се бетон пред гласањето ќе отидеш во Цементарата во Скопје ќе земеш 5000 вреќи цемент и ќе направиш бетонски ѕид пред собранието, така сите ќе сватат дека се е бетонирано и нема да се противат на францускиот предлог“
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ
НОВОСТИ
Славјанка: Руските војници исплашени дезертираат и доаѓаат кај нас затоа што нашата влада ги покачи платите
Ковачевски: Имам механизам за да дознаам дали некој од партнерите ме изневерува кога е во прашање владината коалиција
Славјанка: Зборувавме со Зеленски и заклучивме дека Путин премногу се плаши од супериорноста на црешовите топчиња