Бубо Каров Цацко банкротираше одземен му е имотот плус има долгови кон правни и физички лица

Бубо Каров во јавноста познат како цацко к15 прогласи банкрот, одземен му е имотот но плус има и големи долгови кон правни и физички лица.

Во моментов за жал Цацко нема веќе никакви приходи и се наоѓа во тешка финансиска состојба и живее од социјална помош, тој реши да си ја отвори душата пред медиумите и да ја раскаже неговата судбина.

Сторијата на Цацко „ Мислам што да ви кажам судбина било, или ние во Кавадарци што викаме шо судбина че беше да ја еба. До пред 3 дена се беше ок седев дома пиев пиво и грицкав смоки, само што го допив пивото гледам на телефонот ми ѕвони Маричиќ. Кренав на и му викам ооо кај си ма сува лепото повели што треба? Ми вика Цацко оддамна се немаме видено јас мислам дека е редно време да се видиме и да частиш еден ручек. Договорено му реков ќе се најдеме во кафаната ТРИ РЕБРА (Името на кафаната е исто така измислено) седнавме во кафанчето, и му викам ајде нарачувај за јадење што ти душа сака, кога почна да нарачува абе што да ви кажам Обеликс од цртаните филмови нема да може толку да изеде и после тоа ЦАЦКО јадел па ја сум почетник во споредба со Маричиќ. Се најаде убаво јас за мене не нарачав пошто ми беше страв од дополнителни трошоци. Откако се најаде на келнерот му викам де сметката донесија да си платам, и кога стаса сметката има што да видам износот беше 184 милиони денари, видов невидов ги потрошив сите пари што ги имав кеш и на сметка плус целиот имот го префрлив на име на кафаната, ама тоа не беше доволно па земав и пари од овие брзите кредити, сега сум ем во долгови ем беспари ем даден на извршители. Па и уште го гледам Маричиќ во емисијата САМО КРТИНА на тој водителот му вика кој јас толку да трошам за јадење па тоа не е точно. Кој бе не е точно лажоманиште ни едно на питачки стап ме донесе кога ќе отвори уста за да јаде незнае за крај нема запирање“ Истакнува Бубо Каров ЦАЦКО во неговата приказна до јавноста.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА ВО ЦЕЛОСТ Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СО РЕАЛНОСТА СЕ СЛУЧАЈНИ ИАКО ОВА ГО НЕМА ВО РЕАЛНОСТА

EfIhjEhiVZjACvmw