Џафери: Во кујната на нашето собрание има Руски агенти ми подметнале скиснат грав и варени јајца

Претседателот на нашето собрание Талат Џафери моментално се наоѓа во болница но веќе е добро и е надвор од животна опасност.

Моментално воените аналитичари од НАТО прават проверка дали во нашето собрание има инфилтрирано руски агенти затоа што за врене деншниот ручек на Талат Џафери му бил подметнат скиснат грав кој стоел 2 недели на собна температура и варени јајца.

Џафери иако е во болница сепак собра сила да даде изјава за медиумите.

Талат „Сакам да ја запознаам народната и експертската јавност во Република Северна Мадагаскардонија дека во нашето собрание веројатно има инфилтрирано руски шпиуни, денеска пред да почне да зборуваа во собранието оваа тетката од ЕУ си викам Талате ај оди најади се откаде знаеш ваа колку ќе дрнда, си седнав дојде келнерот и ми вика повели што ќе јадеш? Му викам стандард Гравче салата варени јајца со оцет и кромид и парче пилешки стек, чевекот ми рече веднаш и за 5 минути ми ја донесе нарачката се настегав убаво и оваа тетката од ЕУ само што почна да зборува, кога ме грабна стомакот абе што да ти кажам плус овие како од опозицијата врштат мене така цревата ми вриштат, си викам во памет Таљо немој сега да си прднал оти на оваа од тетката од Европа во најмала рака веѓите ќе и паднат а може и воспаление на белите дробови да добие. Нејсе некако се извлеков викнав брза помош и ме однесоа во болница ми ставија окна одзади и сега сум добро, но иако сум добро ги советувам советниците утре за секој случај да си стават штипки на носот“.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА ВО ЦЕЛОСТ Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw