Нашиот премиер Димитар Ковачевски потенцираше дека покачените пензии веќе даваат големи резултати и дека тоа него му причинува големо задоволство, особено кога го гледа народот радосен и весел.
Најново истражување, спроведено од Министерството за финансии (МФ) и Фондот за пензиско осигурување покажа дека покачените септемвриски пензии, поголеми за 36 денари, драстично го промениле однесувањето на пензионерите.
Имено, според добиените резултати, само во првите неколку дена од пристигнувањето на пензиите, лебот во маркетите го допреле 40% помалку пензионери, додека пак користењето на бесплатниот превоз во ЈСП во вторник и петок се намалило за 20%.

Од МФ ни рекоа дека очекуваат во наредниве месеци овие бројки да растат уште повеќе, затоа што финансиската сигурност прави пензионерите да се чувствуваат покомотни и да си дозволат пропуст при изборот на леб.
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ
НОВОСТИ
Славјанка: Руските војници исплашени дезертираат и доаѓаат кај нас затоа што нашата влада ги покачи платите
Ковачевски: Имам механизам за да дознаам дали некој од партнерите ме изневерува кога е во прашање владината коалиција
Славјанка: Зборувавме со Зеленски и заклучивме дека Путин премногу се плаши од супериорноста на црешовите топчиња