Спасовски: Денешниот протест ми предизвика голем стрес возбуда и ме доведе во дилема

Денешниот протест кој се одржа на 10 Јули 2022 на Министерот за внатрешни работи му предизвикал голем стрес возбуда и дилема, дилемата е веќе решена а стресот и возбудата завршиле откако Оли си акнал 3 ракии со таратур мезе.

„Само што ја испив и третата ракија и го домезив таратурот решив да дадам изјава за медиумите, однапред се извинувам ако на новинарите им смрдам на лук но од таратурот е. Денешниот протест со двоглед го следев оддалеку, и морам да признаам дека имаше многу народ, си викам ова нема шанси да е нашиот народ ова Путин има телепортирано 30 000 Руси тука да и прават проблеми на владата. Како што посматрав со двогледот кога во задниот дел на бината гледам седат двајца луѓе и ме копкаше да видам кој се подобро го наштелував двогледот и кога има што да видам во задниот дел на бината седат Путин и Груевски и си викам ахааа е сега ми е јасно од каде се телепортираа толку многу Руси наеднаш на протестот во Скопје, пак погледнав кога пак ги гледам двајцата во задниот дел на бината си викам е сега ве одрав мамицата ваша кога го тргнав двогледот видов дека на балконот сум заборавил весник од 2014 година кога Груевски и Путин стоеа заедно на една бина, кога го тргнав весникот видов дека се е чисто и дека не се они, и тогаш си реков Оливер тргај стегни 3 ракии со таратурче да се смириш пошто утре пак те чекаат протести“.

Инаку да напоменеме дека по интервјуто со Спасовски двајца новинари побараа лекарска помош затоа што добија разранување на слузокожата во носот поради страшната миризба од лук.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА ОВА ГО НЕМА ВО РЕАЛНОСТА

EfIhjEhiVZjACvmw