Љубчо ќе биде првиот северномакедонски астронаут во братската Бугарска вселенска програма?

По повикот на шоуменот и лидер на партијата која победи на вчерашните избори во Бугарија, Слави Трифунов, за обединување на двата народи преку освојување на вселената до Бугарската вселенска програма пристигнале и првите апликации од благонадежни астронаути од Нашата Земја.

Според податоците до кои дојдовме, помеѓу апликантите за прв северномакедонски астронаут се наоѓаат неколку звучни имиња, од кои најпознато е она на нашиот поранешен премиер, Љубчо Георгиевски, кој според инсајдерски информации, за сега е најголем фаворит за летање во космосот.

За да ја потврдиме информацијата го контактиравме господинот Георигиевски, кој изјави дека се пријавил за учество во Бугарската вселенска програма од причина што уште од дете имал желба да ја посети Месечината, како и старите бугарски земји Марс, Венера и Меркур и да види од каде доаѓаат неговите предци. Извор: кооперација.мк Автор: Иљче

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw