Рашковски ги убедил политичарите во Бугарија да го тргнат ветото им презентирал понуда што неможе да се одбие им го кажал рецептот за мекици

Сепак конечно и за Македонија има светла точка на крајот од темниот тунел, овој темен тунел се се нарекува Македонскиот пат кон Европската Унија.

Откако на Македонија од страна на Бугарија и Франција и беше понуден непрестоен предлог нашиот Рашко реши да стапи во акција и да издејствува да се отвори европскиот пат за Македонија.

Од извори блиски на владата на Макаронија дознаваме дека Рашко е веќе во Бугарија и гледа како Бугарските власти се спремни на се, односно ќе направат секакви отстапки само да го добијат РАШКОВИОТ РЕЦЕПТ за најскапите мекици во универзумот.

Нашиот народен херој Рашко изјави дека е подготвен да направи голема жртва и да го каже својот рецепт за најскапи мекици само да може Македонија да тргне по европскиот пат.

Иако е веќе решено да е тргне ветотот за Македонија сепак на крајот на краиштата пак произлегуваат одредени проблеми затоа што целиот врв на ЕУ моментално се наоѓа во Бугарија и си вади очи кој да го добие рецептот. Макрон во овие внатрешни ЕУ расправии на нашиот херој Рашко му ветил дека ќе ја истера наклоци Бугарија од Унијата и ќе ја внесе Македонија во унијата за 10 секунди без никакви преговори.

Сега за сега Рашко како наш народен херој односно модерниот војсководец на мекици поголем и од Александар задоволно се смешка и чека раководството на ЕУ да се ипотепаат помеѓу себе кој ќе ја внесе Македонија во ЕУ и конечно нашиот трнлив и мрачен пат кон ЕУ да заврши.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ!!!!

EfIhjEhiVZjACvmw