Спасовски: Човекот што пукаше вчера го бранел воздушниот простор на државата

На вчерашните протести за жал имаше употреба на оружје што дополнително ја вжешти ситуацијата во главниот град на Македонија.

Отакако се смири целата ситуација Министерството за внатрешни работи превзема мерки и го лиши од слобода лицето кое што пукаше за време на протестот.

Приведеното лице откако е приведено и е утврдено дека истото треба да се прогласи за народен херој и да се назначи за командант на системот за противвоздушна одбрана на Македонија.

Изјава на Спасовски: „Како министер за внатрешни работи сакам да кажам дека отпрво бев згрозен од пукањето додека беше протестот затоа веднаш наредив пукачот да биде лишен од слобода и одведен на информативен разговор во МВР, откако го испрашавме приведеното лице утврдивме дека човекот треба да се прогласи за народен херој затоа што го бранело воздушниот простор на нашата држава, нашиот иден народен херој на небото здогледал модернизирана верзија на воен авион миг 29 со Руски регистерски таблици, според изјавата на народниот херој кој пукаше кон авионот установил дека со авионот управувал Пилотот Никола Груевски кој е еден од најдобрите руски воени пилоти со место на живеење во Будимпешта, после настанот народниот херој кои го бранеше воздушниот простор ќе го прогласиме за народен херој, но исто така и ќе му платиме и летување престој и дополнителна едукација и обука на Косово“. Истакна министерот Спасовски за медиумите.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100 % САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА

EfIhjEhiVZjACvmw