Ескалира ситуацијата во државава!
Освен партиите и Здружението на Вошките од Македонија (ЗВМ) со свој став за моменталната ситуација во земјава.
“Здружението на Вошките од Македонија најостро се одградува од расправиите на господинот Димитар Апасиев и господинот Стево Пендаровски.
Сметаме дека користењето на зборот “вошка” како навреда за господинот Пендаровски е крајно неоснован.
Ние, од ЗВМ крајно се одградуваме од господинот Стево Пендаровски. Тој не е член на ЗВМ, нити пак некогаш ќе му дозволиме да биде.
Го замолуваме во иднина господинот Апасиев да биде повнимателен во користењето на пцовки за господинот Пендаровски.
Со почит,
Здружение на Вошките од Македонија.” – се вели во соопштението на ЗВМ.
Извор: кооперација.мк Автор: З Стефковски
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ
НОВОСТИ
Славјанка: Руските војници исплашени дезертираат и доаѓаат кај нас затоа што нашата влада ги покачи платите
Ковачевски: Имам механизам за да дознаам дали некој од партнерите ме изневерува кога е во прашање владината коалиција
Славјанка: Зборувавме со Зеленски и заклучивме дека Путин премногу се плаши од супериорноста на црешовите топчиња