Заев: Разбеснетата толпа народ Оливер да ја смири значи сепак не е добро да се истура бесот со фрлање јајца и шишиња

Поранешниот премиер Зоран Заев го поддржува секој мирен протест но нe го оправдува вчерашното дивеење на протестот кога дел од толпата народ ја изгуби контролата па откорна дел од заштитната ограда и потоа фрлаше јајца.

Погоре наведената појава го вознемири Заев и затоа упати барање до Спасовски да превземе мерки за смирување на толпата.

„Како поранешен премиер барам Оливер Спасовски веднаш да ја смири разбеснетата толпа која фрлаше јајца, шишиња и други предмети на државен имот едноставно тоа е недозволиво, и е за осуда. Значи кога јас пред неколку години со Радмила Шеќеринска и Павле Белото организирав протести не извалкав ниту еден државен имот туку мирно протестиравме затоа како совесен граѓанин на Северна Нашата Држава поднесувам барање до Оливер разбеснетата толпа да ја смири.“

Кога на Заев му покажавме слики и видеа како за време на неговите протести фрла кондоми полни со боја прво ги ококори очите потоа раката ја стави на Срцето и рече ова е сечено лепено и монтирано овие на видеата и на сликите ниту ги познавам ниту сум ги видел некогаш во животот.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw