Филџанот ми го подметнале Руските тајни служби и хакери инаку јас сум мирен човек

Кога веќе врелите глави истинаа и полека но сигурно се смири топката и Арбр Адеми се произнесе со својата вистина во јавноста преку соопштение.

„Сакам да ги информирам сите граѓани на Република Македонија со сите детали за немилите настани во Македонското собрание, видете вака јас по природа сум мирен човек кои на никого не му помислувам лошо јас тон не повишувам а не пак да удрам некого, навистина жалам за тоа што се случи а целата моја агресија беше несвесна и неможев да се исконтролирам, ви давам чесен збор дека моето бесно однесување како последица од напади на Руските тајни служби и хакери. Руските тајни служби ми го подметнале филџанот, а Руските хакери ми го хакирале телефонот со вирус кој ќе ме чипира и ќе создаде агресија во мене која што нема да бидам способен да ја исконтролирам, јас давав се од себе но од ненадеш филџанот кој што беше подметнат од Руските тајни служби се најде во мојата рака во комбинација со агресивниот со кој ме чипираа руските хакери дојде до хаос, мислам ве молам да ми верувате јас правев надчовечки напори јас ја враќав раката со сите сили назад со филџанот ноо хакерскиот вирус во главата ми велеше абе збуцај го со филџанот директно во глава не го жали, јас ја влечам раката назад ама пак истиот глас абе торко тебе ти викам збуцај го директно у глава со филџанот не му ја мисли многу ич не ги жали гази се пред тебе. Тоа само го потврдува верувањето дека во Македонија има големо Руско влијание на кое за краток временски период подлегнав и јас.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100 % САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ!!!

EfIhjEhiVZjACvmw