НАСА заинтересирана за телфонот на Пендаровски: Конечно ќе можеме да патуваме низ универзумот без проблеми

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

Како што ни јавуваат извори блиски до Американската вселенска агенција, НАСА (добро Лаци од Радовиш што живее во Чикаго ни го кажа ова, па земете го со резерва) тие се заинтересирани да го добијат телефонот на македонскиот претседател Стево Пендаровски. Не бројот на Пендаровски туку неговиот уред.

„Тоа што тој може да враќа на 3000 до 5000 пораки секој ден е своевидно чудо, но ние не сме заинтересирани за дактилографи. Нас не интересира од што е направена толку издржлива батерија која може да го поднесе ова, ако знаеме дека тој користи и 4г а можеби и 5г интернет за социјални мрежи“ вели Џон Дисмаер од НАСА

Откако разбра за оваа батерија Елон Маск се оддаде на наркоманија

Според него ако оваа батерија се интегрира во вселенските патувања тоа би значело дека конечно би бил решен проблемот со горивот на ракетите и човекот би можел да стигне онаму каде што досега била само научната фантастика.

Но од кабинетот на претседателот велат дека оваа технологија не е за продавање. Тие нагласуваат дека веќе е спремна првата македонска вселенска програма која треба да го однесе првиот македонски космонаут до Плутон со помош на батеријата на претседателот Пендаровски Единствена пречка за ова е тоа што космонаутот сѐ уште чека бугарски пасош за да може непречено да се движи низ вселената!

EfIhjEhiVZjACvmw