January 31, 2023

Мукоски: Ковачевски ако ми кажеше навреме јас ќе му ги отворев вратите кон ЕУ зарем ќе чека Бугарија да му ги отвори вратите кон ЕУ

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

Денес и официјално поради инаетот и нелогичните барања на Бугарија вратите на ЕУ останаа затворени за Македонија. Едноставно нашиот тим од политичари неможеше да ја отвори затворената врата која што ја заклучи Бугарија.

Поранешниот наш народен пратеник Крсто Мукоски кој има големо искуство во отварање на врати кога разбрал во што е работата веднаш му се јавил на нашиот премер Димитар Ковачевски Таче и му се обратил со зборовите „ Добро бе Димче зошто не се јави навреме да ми кажеш знаеш дека имам големо искуство во отворање на врати и дека непостои врата што неможам да ја отворам“.

Нашиот премиер Ковачевски кога ги чул зборовите од Мукоски тешко воздивнал и му рекол „Оффф да бе Крсте како не се сетив на тебе ааа јас сум за ќотек абе ич не ми текна на тебе а ако ти се јавев да ја отвориш вратата на ЕУ одма позади вратата е датумот и ќе го решевме проблемот без Бугарија да не условува ќе знам за нареден пат а ти биди сигурен дека ќе те побарам

EfIhjEhiVZjACvmw