СТАТИЈАТА ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ!!!
Најнова вест која што ја добивме во моментов е дека доказите кои што биле собрани за понатамошна постапка успеале да побегнат. Бидејќи целата полиција беше ангажирана да провери дали Груевски бил на протестот организиран од ВМРО ДПМЕНЕ погоре наведените докази ја искористиле зафатеноста на полицијата и побегнале од Република Северна Нашата Земја.
Министерот Спасовски тврди дека до 17 Јуни доказите биле во министерството но бидејќи на 18 полицијата била премногу зафатена со бркањето и ловењето на Груевски едноставно доказите побегнале од министерството. Спасовски лично наредил да се проверат сите гранични премини и аеродроми во Севрна Нашата Земја но откако немало ништо на камерите се заклучило дека тие побегнале преку див граничен премин и ја напуштиле државата.
Министерот Спасовски кажа дека веќе за побегнатите докази е распишана меѓународна потерница, Спасовски исто така надополни дека пропустот не е во МВР туку во судот бидејќи не им одредил неограничена мерка притвор на побегнатите докази
НОВОСТИ
120 години Македонска воена индустрија наскоро ќе го лансираме црешовото дронче
Откако го фатиле и сликале на полицајците им побарал баклава но тие му кажале дека нудат само еклери и турски кобасици
Барам цимер за доживотно живеење во четири ѕидови шифра палец од лева нога