НАПОМЕНА СТАТИЈАТА ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СО ДЕНЕШНАТА РЕАЛНОСТ СЕ СЛУЧАЈНИ!!!
Претседателот на Руската федерација, Владимир Путин, вечерва имаше вонредно обраќање до јавноста на кое соопшти дека се откажуваат сите планови за инвазија на Украина поради нови неочекувани околности и опасности за руската армија и држава.
Тој потенцираше еден клучен момент за носењето на оваа одлука.
Мислевме дека ги предвидовме сите можни ризици и опасности, како и дека може да се носиме со нив и да ја оствариме нашата цел. Сепак, чесно е да се каже дека секој човек може да погреши, па така и јас. Сепак сум од крв и месо, многу повеќе од месо отколку од крв, па логично е да стравувам во одредени ретки моменти во животот. Овој е таков момент – соопшти емотивниот Путин.
Според него, клучот за да ја промени одлуката бил ненадејниот ангажман на Славјанка Петровска во потенцијалниот конфликт меѓу Русија и Украина.
И одеднаш… бомба. Славјанка Петровска, неочекуваниот џокер на Западот, најави дека го поддржува територијалниот суверенитет на Украина, како и дека армијата на Македонија правела планови како би се вклучила во евентуалниот конфликт. Тоа… тоа беше нешто што не го очекувавме. Гром од ведро небо, ананас врз пица. Веднаш сфатив дека ѓаволот ја однел шегата и не ставил на маса на која може да бидеме изедени, да се изразам симболично – призна низ солзи Путин.
Ваква воена сила и нејзиното можно вклучување во руско-украинскиот конфликт е гејм-чејнџерот за кој руската армија не била подготвена, признаваат од Кремљ. Се надеваат, велат, на мирно решение на оваа ситуација и спречување на дополнително будење на апетитите на македонското министерство за одбрана.

Искрено се надевам дека овие неколку зборови на извинување ќе се доволни за да не завршиме како топовско месо за оваа велесила од Балканот. Ќе се повлечеме моментално од сите наши планови и позиции и во духот на Христијанството, ни останува да се молиме дека ова ќе заврши тука и дека Славјанка нема да ја промени верата за вечерата – односно дека ќе го пронајде верникот во себе и ќе најде сила да ни прости, како божем да заслужуваме…“ – понизно соопшти Владимир Путин.
Тој напомена дека доколку Славјанка остане мирна, Светот нема да затрепери и тој лично ќе ја предложи за Нобелова награда за мир, исправајќи ја неправдата која му беше нанесена на претходниот кандидат Зоран Заев.
Извор: република.мк
НОВОСТИ
120 години Македонска воена индустрија наскоро ќе го лансираме црешовото дронче
Откако го фатиле и сликале на полицајците им побарал баклава но тие му кажале дека нудат само еклери и турски кобасици
Барам цимер за доживотно живеење во четири ѕидови шифра палец од лева нога