December 8, 2023

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Спасовски: МВР ќе формира швалерска полициска единица за спас на Македонците

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ Е ВО ЦЕЛОСТ САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА

Македонија како држава е должна да се грижи и да обезбеди нормален живот за своите лојални граѓани особено кога станува збор за зачувување на Македонските корени и генетика.

Бидејќи денес е 21 век и живееме во супер модерно време одделот на МВР за да ги заштити македонските корени и генетика ќе формира нова швалерска полициска единица. Според министерот Спасовски подготовките за оформување на оваа единица се одвиваат со забрзано темпо за да се заштити Македонскиот народ.

Спасовски: „И соопштувам на јавноста во Македонија дека набрзо во рамките на МВР ќе профункционира нова швалерска единица која ќе има крајна цел да ги заштити и зачува Македонските корени и генетика кои се на овие простори од памтивек до ден денешен. За жал како министер за внатрешни работи морам да признаам дека во последно време многу мажи Македонци земаа за жени убави жени од Русија а тоа може да го доведе во опасност македонскиот корен и ген и плус да го зголеми руското влијание во Македонија. За таа цел во склоп на МВР ќе има нова швалерска единица составена од многу убави и секси Македонки па штом дознаат дека некој Македонец земал Русинка за жена веднаш штом испаднат од Матично припадничката на швалерската единица ќе му се залепи на младоженицот ќе му се удвара ќе го напали ќе го однесе во кревет и ќе му го растури бракот на младоженецот. Ние мораме да се штитиме од Руско влијание“. Истакна Спасовски за медиумите

EfIhjEhiVZjACvmw