December 5, 2022

Османи: Новиот амбасадор со Македонско потекло се меша во внатешните работи на Македонија

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ Е 100 ПРОЦЕНТИ САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА

Македонија пред некое време долбила нов амбасадор од една земја членка на ЕУ новиот амбасадор кој пристигнал во Македонија ги изненадил сите кога им прозборел на Македонски јазик но што е уште почудно јазикот го говорел чисто и литературно. За жал Нашиот министер за надворешни работи реагирал остро затоа што овој амбасадор се меша во внатрешните работи на Македонија. Сите детали ги имате во продолжение на статијата.

Според министерството за надворешни работи новиот амбасадор кој е роден во Македонија доаѓа од Унгарија. Тимот од дипломати и министерот морале да реагираат остро затоа што новиот Унгарски амбасадор веднаш започнал да им наоѓа замерки дека појма немаат од економија дека немаат и нема да имаат странски инвестиции во Македонија затоа што не знаеле како да ги привлечат а исто така немале појма како треба да се бранат националните интереси на Македонија.

Од министерството истаканаа заедно со министерот дека новиот амбасадор од Унгарија кој има потекло од Македонија е експерт за економија и дека има големо искуство и знаење но дека тоа не му дава за право да се меша во внатрешните работи на Македонија и дека ќе му биде врачена протесна нота.

Унгарскиот амбасадор со Македонско потекло ја примил протесната нота им се насмевнал и им рекол: Во мое време не така далеку кога бев премиер се градеа нови фабрики, патишта се отвораа факултети, се купуваа возови имаше стабилна економија јас тоа што го направив вие неможете ни да го одржавате а па камоли нешто ново да направите.

Од нашето министерство за надворешни работи останале зачудени како овој Унгарски амбасадор со Македонско потекло толку многу знае за Македонија ноо на крајот заклучиле дека е само добро информиран, иако според ликот многу ги потсетува на еден поранешен премиер на зажал денеска со ново име „Нашата Земја“.

EfIhjEhiVZjACvmw