Ковачевски: Груевски има многу бизниси во Унгарија со свои очи се видов

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ВО ЦЕЛОСТ Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА

Нашиот премиер Ковачевски имал тајна средба со Никола Груевски односно имал повеќе тајни средби со Никола Груевски. Овие тајни средби биле водени од далечина на повеќе места во Унгарија. Заклучоците на сегашниот наш премиер ги имате во продолжение.

„Како премиер на Република Нашата земја сакам да ја информирам јавноста дека приватно отидов во Унгарија со Заев, Спасовски, и Филипче, таму без договор сосема случајно повеќе пати го сретнамвме Груевски на повеќе локации а тоја преку неговиот поглед ни прати јасни пораки, јавноста мора да знае дека Груевски во Унгарија има повеќе високо профитабилни бизниси од кои остварува високо профитабилни бизниси. Како што шетавме наеднаш во една берберница видов бербер ама тој бербер беше Груевски човекот со широка насмевска на лицето крена рака и пораката беше јасна Таче повели за тебе шишањето е гратиз, како што пешачевме Спасовски виде полицаец во униформа кога во униформата пак Груевски со поглед на Спасовски му кажа па кај си бре човек од кога те немам видено. Просто неверојтно! Си рековме дај да видиме да се освежиме отидовме на една тезга кога видовме лубенци кога продавачот Груевски на Заев со поглед му вика што се чудиш Струмички се лубениците, сите останавме повторно во шок. Од голема возбуда Филипче почна да го боли заб и од аптека купи апче против болка и повторно шок на пакувањето имше слика од Груевски. Човекот во Унгарија се раширил во повеќе бизниси како троскот“.

EfIhjEhiVZjACvmw