Бочварски: И покрај поскапувањата, цената на патарините на автопатот Охрид-Кичево ќе остане иста

Одлични вести пред стартот на летните одмори ни доаѓаат од Владата на Нашата Земја, поточно од Министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски, кој денес соопшти дека нема да дозволи цените на патарините на автопатот Охрид-Кичево да пораснат, без разлика како ќе се движат економијата на светско ниво.

Ветено – сторено. Моето интензивно лобирање вроди со плод. Затоа ми претставува особена чест да ве известам дека со едногласна одлука на Владата цената на патарините на новиот автопат до Охрид се замрзнува во наредниве 10 години. Ова значи побогати граѓани, кои место на покачени патарини, парите ќе ги трошат на луксуз како паштета и месен нарезок. Со еден збор, аристократија! – изјави министерот Бочварски, видно возбуден после извојуваната победа за добро на граѓаните.

Како што наговести тој, во тек се преговори и за замрзнување на цената на билетот за возот кон Бугарија, меѓутоа кондуктерот што наплаќа билети на оваа линија задоцнил на владината седница оти доаѓал со воз па конечната одлука е одложена за понеделник.

Извор: кооперација.мк Автор: Иљче

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw