March 31, 2023

tvvesti.com

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Зеленски му се заблагодарил и на Бучковки за подадената рака и ниските цени на деловите

Македонија како земја членка на НАТО и потенцијална членка на ЕУ ( вајда датум ќе добиеме на 31 Фебруар) се приклучи безрезервно кон санкциите за Русија.

Поради решителноста на Македонската влада да воведе санкции кон Руската Федерација веќе јавноста е запозната дека Зеленски му упатил писмо на Пендаровски во кое истакнува благодарност за решителноста на Македонија.

Но ние не би биле новинари доколку малку повеќе прочепкаме и се разбира го објавиме, од она што ние успеавме да го дознаеме но сеуште го нема во јавноста е дека Владимир Зеленски и му јавил телефонски на Владимир Бучковки и му изразил голема благодарност за поддршката што ја дава кон Украина сооглед на тоа што им продавал резервни делови по екстра ниски цени а тоа во моментов било од големо значење за него.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА ОВА ОСОБЕНО ВАЖИ ЗА ОНИЕ КОИ САМО КОМЕНТИРААТ БЕЗ ДА ЈА ПРОЧИТААТ СТАТИЈАТА

EfIhjEhiVZjACvmw