Нашиот премиер Димитар Ковачевски е дециден дека за руски авиони воздушниот простор на Македонија останува затворен и дека тоа нема да донесе никаква опасност за државата и за народот.
Премиерот со гордост посочи дека нашата земја нема никакви потреби од рускиот гас затоа што самите можеме да го произведеме.
Според Ковачевски Македонија е земја која што има идеална местоположба и клима што е една од главните придобивки за производство на квалитетен природен гас кои ќе придонесе да не зависиме од Рускиот. Според Димитар Ковачевски се што треба да се направи е да се зголеми производството на тетовски грав и народот што почесто да го конзумира односно секојдневно, на тој начин самите ќе си произведуваме природен гас и нема потреба да трпиме уцени од Русија како земја членка на НАТО.
Воедно да му соопштиме на народот дека нашата влада веќе спрема стимулатвна мерка која ќе биде субвенционирана директно од буџетот за јадење и одгледување на грав „ЈАДИ ГРАВ И ПРАВИ ГАС РУСКИОТ НЕ НИ ТРЕБА“
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ
НОВОСТИ
Славјанка: Руските војници исплашени дезертираат и доаѓаат кај нас затоа што нашата влада ги покачи платите
Ковачевски: Имам механизам за да дознаам дали некој од партнерите ме изневерува кога е во прашање владината коалиција
Славјанка: Зборувавме со Зеленски и заклучивме дека Путин премногу се плаши од супериорноста на црешовите топчиња