Стојанче Ангелов скокнал во Вардар за да ја стави тензичната ситуација под контрола

Новонастанатата ситуација во нашиот главен град Скопје е многу тензична и институциите бараат решение за големиот проблем

Иако од МВР Сеуште немаат официјално потрврдено сепак до нашите уши дојде информација дека една од галиите која што го краси Градот Скопје се откачила од своето лежиште и започнала неконтролирано да плови по реката Вардар.

Очевидци на настанот пред новинарските екипи изјавија дека во истиот момент кога гемијата се изместила во непосредна близина бил и директорот на ЦУК (ЦМОК кој како си сака) Стојанче Ангелов кои веднаш скоканла во Вардар за да плива по гемијата и да ја задржи а со самото тоа и да ја стави ситуацијата под контрола.

Ние како новинари се јавивме во ЦУК. Од оваа институција потврдија дека нивниот директор навистина рипнал во Вардар како вистински херој и дека веќе пливајќи по Вардар стасал до Велес каде што со сопствени раце ќе ја запре гемијата пред да удри во еден од трите мостови во Велес кои градот го делат на 2 дела. На еден од колегите новинари не му беше баша јасно како Стојаче Ангелов стигнал пливајќи до Велес за толку кратко време па ги прашаше тимот на ЦУК. Од ЦУК кратко му одговорија дека нивниот директор е Друид баш ист како на Aстерикс и Oбеликс и секогаш со себе си носи шише со волшебна напивка која му дава неверојатна моќ.

За жал новинарските екипи немаат волшебна напивка како Стојанче Ангелов па мораа со автомобили да дојдат до Велес за да земат изјава од Стојанче е арно ама Стојанче ги заеба затоа што веќе завршил работа односно ја запрел гемијата пред Велес ја грабнал во раце и ја вратил назад во Скопје каде што и е местото.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw