Слвавјанка: Пронајдовме шпиони од Русија во редовите на Македонската армија

Најновата вест за денес која одекна како бомба во јавноста е поврзана со Македонската армија односно АРМ

Нашата министерка за одбрана Славјанка посочи дека во редовите на нашата армија биле пронајдени шпиони од Русија и рече дека Македонските институции ќе одговорат соодветно на оваа несакана појава. Целата изјава на нашата министерка ја имате подолу.

„Како министерка за одбрана на нашата земја сакам да ве информирам дека пронајдовме шпиони од Русија кои некако успеале да се инфилтрираат во редовите на нашата армија. Нашата темелна истрага докажа дека шпионите од Русија успеале да се инфилтрираат во готвачката дивизија на АРМ и притоа нашите војници започнале да ги хранат со Сибирски кнедли, Ленинградски палачинки, Руска салата, и Путинов стек. Целата погоре наведена храна која што се готви само во Русија е мошне опасна за нашата армија затоа што може да предизвика војниците да потпаднат под руско влијание а ние сме земја членка на НАТО. Готвачите шпиони од Русија веќе се приведени и ќе им бидат поднесени соодветни пријави и казни од страна на судовите на нашата земја.“

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw