August 9, 2022

Заев: Сите ќе умреме еден ден зошто да се замараме со пописот дали е фер

Поранешниот премиер, а иден бегалец од власта – Зоран Заев со свое гледиште за резултатите од пописот.

Тој вели дека нема потреба зошто народот да се нервира за тоа дали резултатите се фер, дали во држвава се почитуваат законите и дали утре ќе живеат во демократска држава или не.

Според Зоран Заев, глупо е луѓето да трошат енергија за работи што не може да ги контролираат.

“Не може да ги контролираш работиве. Освен ако не си амбасадорката на САД. А не си. Така да… зошто да се замараш за тоа дали работите во државава се фер или не?” – изјави Зоран Заев.

Реалниот став на Зоран Заев доаѓа откако тој имал духовно будење откако дошол на власт.

“Види, порано и јас се замарав. Сака да има правда. Да се почитува демократијата. Ама откако дојдов на власт имав духовно будење и сфатив дека не мора да се менува власт, не мора да се гласа, не мора да се почитува устав. Битно е да бидеме опуштени. Зошто да се замараш за устав или за попис? Зошто да се замараш за закони? Зошто да се замараш за неправди? Сите ќе умреме еден ден. Затоа… уживај си. Живеј си живот. Што има да ти е гајле што се дешава во државава? Гајле ти е за закони и демократија. Уживај. Сите ќе умреме, нема потреба зошто да се замараш за неправдите. Има други што ќе мислат за тебе.” – изјави Зоран Заев. Извор: кооперација.мк Автор: З Стевковски

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw